Печатење

Управување со апликации

Доколку запрете апликација и се вратите на почетното мени, апликацијата не е вистински запрена. Апликацијата сѐ уште работи во заднина за да биде подготвена кога повторно ќе ја активирате. За да работат непрекинато, повеќето апликации зачувуваат одредени податоци во кеш меморијата на телевизорот. Пожелно е да ги запрете апликациите целосно или пак да ја избришете кеш меморијата на одредена апликација за да ги оптимизирате општите перформанси на апликациите и да го задржите ниското ниво на искористеност на меморијата на вашиот Android TV. Исто така, пожелно е да ги деинсталирате апликациите кои повеќе не ги користите.