Печатење

Вклучување на канал

За да започнете да гледате ТВ-канали, притиснете TV. Телевизорот ќе се приклучи на последниот канал кој сте го гледале. 

Исто така можете да изберете Телевизија во живо од почетниот екран.

Менување на канали

За да менувате канали, притиснете CH + или CH -.
Доколку го знаете бројот на каналот, внесете го преку копчињата со бројки. Притиснете OK откако ќе го внесете бројот за веднаш да го смените каналот.

Исто така можете да избирате канали од Листа на канали со притиснување OK.