Печатење

Режим на екран

Ако сликата не го исполнува целиот екран, ако се појавуваат црни ленти во горниот и долниот дел или од двете страни, можете да ја прилагодите сликата да го исполнува целосно екранот. 

За да изберете едно од основните поставувања за исполнување на екранот…

Брзи поставки > Опции за телевизорот > СликаРежим на екран

Автоматски

Автоматско зумирање на сликата за прилагодување на екранот со оригиналниот сооднос на слика. Загубената содржина не е видлива.

Супер зумирање

Ги отстранува црните ленти од страните кај емитувањата во 4:3. Не се препорачува за HD или PC.

4:3

Приказ на класичниот формат 4:3.

Проширување за филмови 14:9

Промена на соодносот на форматот 4:3 во 14:9. Не се препорачува за HD или PC.

Проширување за филмови 16:9

Промена на соодносот на форматот 4:3 во 16:9. Не се препорачува за HD или PC.

Широк екран

Ја раширува сликата во формат 16:9.

Целосно

Автоматски ја зголемува сликата за да го исполни екранот. Изобличувањето на сликата е минимално, а преводот останува да се гледа. Не одговара на PC влез. На некои екстремни содржини сѐ уште може да се јават црни ленти. Соодносот на содржината на сликата може да се промени.

Непроменет сооднос

Нуди максимални детали за PC.