Печатење

CI+

Овој телевизор е подготвен за CI+ условен пристап.

Со CI+ можете да гледате врвни HD програми, како филмови и спорт, кои ги нудат операторите со дигитална телевизија во вашиот регион. Овие програми се кодирани од страна на ТВ операторот и се декодираат со припејд CI+ модул.
Кога се претплаќате на нивните премиум програми, операторите со дигитална телевизија нудат CI+ модул (Модул за условен пристап - CAM) заедно со smart картичка. Овие програми имаат високо ниво на заштита од копирање.

За повеќе информации околу одредбите и условите, обратете се на операторот со дигитална телевизија.