Печатење

Телевизорот не се вклучува

  • Откачете го кабелот за напојување од штекерот. Почекајте една минута, а потоа повторно вклучете го.
  • Проверете дали кабелот за напојување е безбедно поврзан.

Крцкање при вклучување и исклучување

Кога го вклучувате, исклучувате или го ставате телевизорот во режим на подготвеност, се слуша крцкање од шасијата на телевизорот. Крцкањето е поради вообичаеното ширење и собирање на телевизорот при ладење и загревање. Ова не влијае на перформансите.

Телевизорот не реагира на далечинскиот управувач

На телевизорот му е потребно некое време да се вклучи. Во овој период, телевизорот не реагира на далечинскиот управувач или ТВ контролите. Ова е нормална појава.
Ако телевизорот и понатаму не реагира на далечинскиот управувач, можете да проверите дали работи далечинскиот управувач преку камера на мобилен телефон. Поставете го телефонот во режим на камера и насочете го далечинскиот управувач кон објективот на камерата. Ако притиснете кое било копче на далечинскиот управувач и забележите инфрацрвено LED трепкачко светло низ камерата, далечинскиот управувач функционира. Телевизорот треба да се провери.
Ако не го забележите треперењето, далечинскиот управувач можно е да е оштетен или батериите да се слаби.
Овој начин на проверка на далечинскиот управувач не е возможен со далечински управувачи кои се безжично впарени со телевизорот.

Телевизорот се враќа во режим на подготвеност откако ќе се прикаже почетниот екран на Sony

Кога телевизорот е во режим на подготвеност, се прикажува почетниот екран на Sony, а потоа телевизорот се враќа во режим на подготвеност. Ова е нормална појава. Кога телевизорот е исклучен и повторно вклучен во струја, почетниот екран се прикажува на наредното вклучување. За да го вклучите телевизорот од режим на подготвеност, притиснете го копчето за напојување на далечинскиот управувач или на телевизорот.

Светлото за режим на подготвеност продолжува да трепка

Откачете го кабелот за напојување од штекерот. Почекајте 5 минути пред повторно да го вклучите кабелот за напојување. За информации за отстранување на проблеми, може да погледнете и во „Често поставувани прашања“ во нашата веб-страница за поддршка наведена подолу.
http://www.sony.net/androidtv-faq/