Како да го користите ова упатство за корисникот

Избор на тема за приказ

Следните илустрации го прикажуваат Internet Explorer 7 како пример.
  1. Кликнете на насловот во страничната лента на левата страна од прозорецот на прелистувачот.

Списокот со теми на насловот се појавува во десното окно.
  1. Кликнете на насловот на темата во списокот.

Описите се појавуваат во десното окно.

Менување на големината на фонтот

Сменете ја големината на фонтот со менување на поставката на веб-прелистувачот. За тоа како да ја смените поставката за големина на фонтот, погледнете во делот за помош на веб-прелистувачот.

Пребарување на тема по клучен збор

Внесете го клучниот збор во прозорецот за пребарување, а потоа кликнете на копчето [Барај].

Враќање на претходната страница

Користете го копчето за враќање назад на прелистувачот за да се вратите на претходната страница или користете ја навигационата патека (A) за да ја прикажете саканата страница.

Печатење на страницата

Кликнете на копчето [Печати] за да ја испечатите страницата којашто ја прикажувате.

Знаци и ознаки употребени во ова упатство за корисникот

Во ова упатство за корисникот, редоследот на операции е прикажан со стрелки ( ) (A).
Управувајте со фотоапаратот според укажаниот редослед.
  • Иконите во речениците за оперативните постапки се појавуваат кога фотоапаратот е поставен на стандардните поставки.

  • Стандардната поставка е означена со .

  • укажува на информации коишто е корисно да се знаат.