Користење на внатрешната меморија

Фотоапаратот располага со приближно 55 MB внатрешна меморија. Кога во фотоапаратот не е вметната мемориска картичка, може да снимате слики на внатрешната меморија.

Кога е вметната мемориска картичка

[Recording]: Сликите се снимаат на мемориската картичка.
[Playback]: Се репродуцираат сликите на мемориската картичка.
[Menu, Settings итн.]: Може да се изведат различни функции врз сликите на мемориската картичка.

Кога не е вметната мемориска картичка

[Recording]: Сликите се снимаат со користење на внатрешната меморија.
  • Не може да снимате филмови на внатрешната меморија кога големината на сликата на филмот е [1280x720(Fine)] или [1280x720(Standard)].

[Playback]: Се репродуцираат сликите складирани на внатрешната меморија.
[Menu, Settings итн.]: Може да се изведат различни функции врз сликите во внатрешната меморија.

За податоците на сликите складирани на внатрешната меморија

Препорачуваме да ги копирате (архивирате) податоците користејќи еден од следниве начини.

Копирање (архивирање) на податоците на тврд диск на вашиот компјутер

Кога мемориската картичка не е вметната во фотоапаратот, увезете ги сликите во компјутерот. [Детали]

Копирање (архивирање) на податоците на мемориска картичка

Подгответе мемориската картичка со доволно слободен капацитет, а потоа копирајте ги сликите од внатрешната меморија на мемориската картичка. [Детали]
Забелешки
  • На внатрешната меморија не може да префрлате слики кои се на мемориската картичка.

  • Преку создавање USB-поврзување помеѓу фотоапаратот и компјутерот со помош на USB-кабел, може да ги префрлите податоците складирани во внатрешната меморија на компјутер. Меѓутоа не може да префрлате податоци кои се на компјутерот на внатрешната меморија.