Снимање панорамски слики

Ви овозможува создавање панорамска слика од композитни слики.
  1. Поставете го тркалото за избирање на режимот на (Sweep Panorama).

  1. Изберете ја насоката на снимање со користење на /// (горната/долната/левата/десната страна) на контролното копче.

  1. Порамнете го фотоапаратот со крајот на објектот и притиснете го копчето за бленда до крај.

  1. Движете го фотоапаратот до крајот од водичот (A), следејќи го индикаторот на екранот.

Совети за снимање панорамска слика
Движете го фотоапаратот во лак со постојана брзина во насока која е назначена на екранот. Објектите во мирување се посоодветни за панорамски снимки отколку објектите во движење.
Радиусот нека биде што е можно пократок.
Вертикална насока
Хоризонтална насока
  • Прво притиснете го копчето за бленда до половината надолу за да може да ги фиксирате фокусот и експозицијата. Потоа притиснете го копчето за бленда до крај и движете го или навалувајте го фотоапаратот.

  • Ако дел со многу различни облици или сценографија е концентриран по должина на работ на екранот, компонирањето на сликата може да биде неуспешно. Во тој случај, прилагодете ја композицијата на рамката така што делот е во центарот на сликата, а потоа снимајте повторно.

Снимање панорамска слика од 360 степени
Фотоапаратот е опремен со функција за снимање панорама, која е способна да снима панорамска слика од приближно 360 степени.
Снимете панорамска слика со избирање на MENU поставете го [Panorama Image Size] на [360°]. Кога се репродуцираат на фотоапаратот, снимените панорамски слики може нормално да се лизгаат.
  • Изберете ја насоката на снимање со користење на / на контролното копче. Не можете да снимате панорамска слика во вертикална насока со [Panorama Image Size] поставено на [360°].

  • Сликата која навистина е снимена може да не покрива 360 степени, зависно од објектот или начинот на којшто е снимена.

Забелешки
  • Ако не можете да го движите фотоапаратот преку целиот објект во даденото време, во композитната слика ќе се појави сива област. Доколку ова се случи, движете го фотоапаратот побрзо за да снимите цела панорамска слика.

  • Поради тоа што неколку слики се залепени заедно, залепениот дел нема да биде снимен рамномерно.

  • Кога целиот агол на панорамското снимање и фиксираниот агол AE/AF се разликуваат по осветленост, боја и фокус, снимањето нема да биде успешно. Доколку ова се случи, сменете го фиксираниот агол AE/AF и снимајте повторно.

  • Не може да создавате панорамски слики во следните случаи:

  • фотоапаратот го движите премногу брзо или премногу бавно,

  • има премногу тресење на фотоапаратот.

Поврзана тема