Индекс на слики

Прикажува повеќе слики истовремено.
  1. Поставете го фотоапаратот во режим за репродукција.

  1. Свртете ја рачката W/T (зум) кон страната W () за да го прикажете екранот со индексот на слики.

Свртете ја рачката повторно за да го прикажете екранот со индексот со повеќе слики. Свртете ја рачката повторно за да гледате слики со Календар додека се репродуцираат во [Date View].
  1. За да се вратите на екранот со само една слика, изберете слика со контролното копче, а потоа притиснете .

Прикажување слики од саканата папка

Со контролното копче изберете ја лентата на левата страна, а потоа изберете ја саканата папка со /.

Прикажување слики со Календар

Кога [View Mode] е поставено на [Date View] и приказот на екранот е во режим на индекс, за да гледате слики во Календар, свртете ја рачката W/T (зум) кон страната W ().
  • За да го изберете месецот кој сакате да се прикаже, изберете / со контролното копче, а потоа и саканиот месец.

  • За да прикажете слики со избран датум во режим на индекс, изберете го датумот со контролното копче и притиснете на .

  • За да го откажете приказот на календар и да се вратите на екранот со индекс, изберете користејќи го контролното копче, а потоа притиснете на .