DISP (Поставка за приказ)

  1. Притиснете на (Поставка за приказ) на контролното копче.

  1. Изберете го саканиот режим со контролното копче.

  • Оваа поставка исто така се применува кога сликата е прикажана веднаш по нејзиното снимање.


(OFF)
Прикажува само слики.

(Detailed Info)
Прикажува информации.
Прикажани се и податоците Exif и хистограмот за снимената слика.

(ON)
Прикажува информации.

Хистограм

Хистограмот е графикон кој ја прикажува осветленоста на сликата. Приказот на графиконот прикажува осветлена слика кога е искривен на десната страна (A) и темна слика кога е искривен на левата страна (B).
  1. Притиснете на (Поставка за приказ) на контролното копче, а потоа изберете [Detailed Info].

Забелешки
  • Хистограмот се појавува и кога репродуцирате единечна слика, но не можете да ја прилагодите експозицијата.

  • Хистограмот не се појавува во следниве случаи:

  • кога снимате/репродуцирате филмови,

  • кога гледате вертикално ориентирани слики,

  • кога ротирате фотографии,

  • кога снимате/гледате панорамски слики.

  • Хистограмот може да не се појави за слики снимени со други фотоапарати.