Focus

Може да го смените начинот на фокусирање. Користете го менито кога е тешко да се најде соодветниот фокус во режимот за автоматско фокусирање.
AF означува „Автоматско фокусирање“, функција што автоматски го прилагодува фокусот.
Избраниот наоѓач на рамки за опсегот за автоматско фокусирање се појавува на екранот.
  1. MENU (Focus) саканиот режим


(Multi AF)
Автоматски фокусира на објект во сите опсези на сликата во наоѓачот на рамки.
Кога ќе го притиснете копчето за блендата до половината надолу во режимот за снимање фотографии, преку областа што е во фокусот ќе се појави зелена рамка.
  • Кога е активна функцијата за откривање лица, автоматското фокусирање работи со приоритет на лицата.


(Center AF)
Автоматски фокусира на објект во средината на наоѓачот на рамки. Со заемно користење на функцијата за фиксирање на фокусот, може да ја компонирате сликата како што сакате.

(Spot AF)
Автоматски фокусира на исклучително мај објект или на тесна област. Со заемно користење на функцијата за фиксирање на фокусот, може да ја компонирате сликата како што сакате.
  • Држете го фотоапаратот стабилно за да не се изместат објектот и наоѓачот на рамки за опсегот за автоматско фокусирање.




Забелешки
  • Кога користите [Digital Zoom] или [AF Illuminator], наоѓачот на рамки за опсегот за автоматско фокусирање се исклучува и личи како испрекината линија. Во тој случај фотоапаратот работи за да фокусира на објектите во средина на екранот.

  • Ако се вклучи фокусот за следење, фотоапаратот со приоритет ќе фокусира на објектот што треба да се следи.

Фокусирање објекти што се блиску до работ на екранот

Ако објектот е надвор од фокусот, направете го следново:
  1. Повторно компонирајте ја сликата за објектот да биде во средина на наоѓачот за опсегот за автоматско фокусирање (A) и притиснете го копчето за бленда до половината надолу за да фокусирате на објектот (фиксирано автоматско фокусирање).

  1. Кога индикаторот за фиксирање на AE/AF (B) ќе престане да свети и ќе остане вклучен, вратете се на целосно компонираната слика, па целосно притиснете го копчето за бленда.

Поврзана тема