Red Eye Reduction

Кога користите блиц, тој ќе засвети два или повеќе пати пред снимањето за да го намали феноменот на „црвени очи“.
  1. Поставете го фотоапаратот во режим за снимање.

  1. MENU (Settings) (Shooting Settings) [Red Eye Reduction] саканиот режим


Auto
Кога ќе се вклучи функцијата за откривање лица, блицот автоматски ќе засвети за да го намали феноменот на „црвени очи“.

On
Блицот секогаш засветува за да го намали феноменот на „црвени очи“.

Off
Не користи намалување на „црвените очи“.

Што го предизвикува феноменот на „црвени очи“?
Зениците се шират во темни средини. Светлото на блицот се рефлектира од крвните садови од задниот дел на окото (мрежница) (A), предизвикувајќи го феноменот на „црвени очи“.
Други начини да се намалат „црвените очи“
  • Во изборот на сцени, изберете го режимот (High Sensitivity). (Блицот автоматски се поставува на [Off].)


Забелешки
  • За да избегнете заматеност на сликите, држете го фотоапаратот цврсто додека да се ослободи блендата. Обично треба една секунда да се ослободи, а може да се уверите дека нема да дозволите објектот да се движи во овој период.

  • Може намалувањето на „црвените очи“ да не ги даде саканите ефекти. Тоа зависи од индивидуалните разлики и услови, како што се растојанието до објектот или дали објектот погледнал настрана при светкањето пред сликањето.

  • Ако не ја користите функцијата за откривање лица, функцијата за намалување на „црвените очи“ нема да работи кога ќе изберете [Auto].

  • [Red Eye Reduction] е поставено на [Off] во следните ситуации:

  • кога во изборот на сцени ќе се избере режимот (Night Scene), (High Sensitivity), (Gourmet), (Pet) или (Fireworks),

  • кога се активира блендата за насмевки.