Eye-Fi

Поставува дали да се користи функцијата за вчитување картичка Eye-Fi (комерцијално достапна) кога ја користите картичката Eye-Fi со фотоапаратот.
[Eye-Fi] се прикажува само кога картичката Eye-Fi е вметната во фотоапаратот.
  1. MENU (Settings) (Main Settings) [Eye-Fi] саканиот режим


On
Ја користи функцијата за вчитување.
Иконата за режимот Eye-Fi на екранот ќе се смени во зависност од режимот на комуникација на картичката Eye-Fi.
: Картичката Eye-Fi се наоѓа во режим на подготвеност. Нема слика што треба да се испрати.
: Картичката Eye-Fi се наоѓа во режим на подготвеност за вчитување.
: Картичката Eye-Fi се наоѓа во режим на поврзување.
: Картичката Eye-Fi вчитува слики.
: Се појави грешка.

Off
Не се користи функцијата за вчитување.

Забелешки
  • Картичките Eye-Fi се продаваат само во определени земји/региони.

  • За повеќе информации во врска со картичките Eye-Fi, директно контактирајте со произведувачот или продавачот на картички Eye-Fi.

  • Картичките Eye-Fi се дозволени само во земјите и регионите каде што се купени. Поради локални ограничувања може да се бара ваша одговорност.

  • Картичката Eye-Fi има функција на безжичен LAN. Не вметнувајте ја картичката Eye-Fi каде што е забранет безжичен LAN, на пример, кога сте во авион. Ако картичката Eye-Fi е вметната во фотоапаратот, поставете го [Eye-Fi] на [Off]. Кога функцијата за вчитување на картичката Eye-Fi е поставена на [Off], на екранот се прикажува .

Префрлање податоци за слики со помош на картичката Eye-Fi

  1. Поставете ги поставките за пристапната точка за безжичен LAN или поставките за насока на префрлањето на картичката Eye-Fi.

За детали, погледнете во упатствата за работа дадени со картичката Eye-Fi.
  1. Откако ќе завршите со поставките, вметнете ја картичката Eye-Fi во фотоапаратот и снимајте слики.

Снимените слики автоматски се префрлаат преку безжичен LAN на компјутер итн.
Забелешки
  • Кога се вчитуваат податоци за слики, не е достапно [Power Save].

  • Доколку се прикажува иконата (грешка), отстранете ја картичката Eye-Fi и повторно вметнете ја или исклучете го и повторно вклучете го фотоапаратот. Доколку иконата (грешка) сè уште се прикажува, можно е картичката Eye-Fi да е оштетена. За детали, контактирајте со Eye-Fi, Inc.

  • Комуникацијата преку безжичен LAN може да ја прекинат други уреди за комуникација. Доколку приемот на податоци е недоволен, приближете го фотоапаратот до пристапната точка.

  • Некои картички Eye-Fi имаат „Endless Memory Mode“. Овој производ не поддржува „Endless Memory Mode“. Проверете дали кај картичките Eye-Fi што ќе ги вметнете во производов е исклучено „Endless Memory Mode“. За детали околу поставувањето на „Endless Memory Mode“, погледнете во упатствата за работа дадени со картичката Eye-Fi.