Инсталирање „PlayMemories Home“

  1. Користејќи го прелистувачот за интернет на компјутерот, појдете до следната URL-адреса, потоа кликнете [Install] [Run].
    www.sony.net/pm/

  • Ако софтверот „PMB (Picture Motion Browser)“ веќе бил инсталиран на компјутерот, тој ќе се препише и замени со „PlayMemories Home“ за време на инсталирањето. Користете „PlayMemories Home“, софтверот што е наследник на „PMB“.

  1. Следете ги упатствата на екранот за да го завршите инсталирањето.

  • За детали околу „PlayMemories Home“, погледнете во делот за помош на „PlayMemories Home“ или на страницата за поддршка на „PlayMemories Home“ (само на англиски):
    http://www.sony.co.jp/pmh-se/

Вклучување на достапните функции на „PlayMemories Home“

Ако софтверот „PlayMemories Home“ веќе бил инсталиран на вашиот компјутер, поврзете го фотоапаратот со компјутерот и регистрирајте го фотоапаратот со „PlayMemories Home“. Се вклучуваат достапните функции.
A: На приклучокот USB на компјутер
B: На приклучокот USB / A/V OUT
Забелешки
  • Пријавете се како администратор.

  • Можеби ќе треба да го рестартирате компјутерот. Кога ќе се појави пораката за потврда на рестартирањето, рестартирајте го компјутерот следејќи ги упатствата што се појавуваат на екранот.

  • Може да се инсталира и DirectX зависно од системското опкружување на компјутерот.