Увезување слики на компјутер

„PlayMemories Home“ ви овозможува лесен увоз на слики.
За детали за функциите на „PlayMemories Home“, погледнете во делот за помош за „PlayMemories Home“.

Увезување слики во компјутер со Windows без користење на „PlayMemories Home“

Кога ќе се појави волшебникот за автоматска репродукција, по остварувањето на USB-поврзување помеѓу фотоапаратот и компјутерот, кликнете на [Open folder to view files] [OK] [DCIM] или [MP_ROOT]. Потоа, копирајте ги саканите слики во компјутерот.
  • Ако се појави „Device Stage“ на компјутер со Windows 7 или Windows 8, кликнете двапати на [Browse Files] иконата за медиуми папката каде што е складирана сликата што сакате да ја увезете.

Увезување слики во компјутер со Mac без користење на „PlayMemories Home“

Поврзете го фотоапаратот со компјутерот Mac. Кликнете двапати на новата икона што ќе се препознае на работната површина папката каде што е складирана сликата што сакате да ја увезете. Потоа, повлечете ја и пуштете ја датотеката на сликата на иконата за тврд диск.