Печатење фотографии

Може да печатите фотографии користејќи ги следните начини.
  • Директно печатење користејќи печатач што го поддржува вашиот тип мемориска картичка.
    За детали, погледнете ги упатствата за работа доставени со печатачот.

  • Печатење користејќи компјутер
    Може да увезете слики на компјутер користејќи го софтверот „PlayMemories Home“ и да ги печатите сликите. Може да печатите слики со датумот.
    За детали, погледнете во делот за помош за „PlayMemories Home“.

  • Печатење во дуќан
    Може да однесете мемориска картичка во дуќан што нуди услуга за печатење фотографии. Ако дуќанот ги поддржува услугите што се во согласност со DPOF, може однапред да направите ознака (нарачка на печатење) на сликите во режимот за репродукција за да не мора повторно да ги избирате кога ќе ги печатите во дуќанот. Пред да однесете слики во дуќан, секогаш направете резервна копија од вашите податоци.

Забелешки
  • Кога печатите слики што се снимени во режимот [16:9], и двата раба може да се исечени.

  • Не може да печатите панорамски слики, зависно од печатачот.