Компјутери

Вашиот компјутер не го препознава фотоапаратот.
  • Кога батеријата е слаба, вметнете нови батерии или наполнети никел-металхидридни батерии (се продаваат одделно).

  • Поставете го [USB Connect Setting] на [Mass Storage]. [Детали]

  • Користете го дадениот USB-кабел (испорачан).

  • Исклучете го дадениот USB-кабел од компјутерот и од фотоапаратот и повторно цврсто приклучете го.

  • Исклучете ја сета опрема освен фотоапаратот, тастатурата и глувчето од приклучоците за USB на компјутерот.

  • Поврзете го фотоапаратот директно со компјутерот, без да поминува низ центар за USB или друг уред.

Не може да се увезуваат слики.
  • Поврзете ги фотоапаратот и компјутерот правилно, правејќи поврзување преку USB.

  • Кога снимате слики со мемориска картичка што е форматирана на компјутер, можеби нема да можете да ги увезете сликите на компјутер. Снимајте користејќи мемориска картичка што е форматирана од фотоапаратот. [Детали]

Откако ќе направите поврзување преку USB, „PlayMemories Home“ не започнува автоматски.
  • Направете го поврзувањето преку USB откако компјутерот ќе се вклучи.

Не може да репродуцира слики на компјутерот.
  • Ако користите „PlayMemories Home“, погледнете во делот за помош на „PlayMemories Home“. [Детали]

  • Консултирајте се со производителот на компјутерот или на софтверот.

Сликата и звукот се прекинати од шум кога гледате филм на компјутер.
  • Го репродуцирате филмот директно од внатрешната меморија или мемориската картичка. Увезете го филмот на компјутерот користејќи „PlayMemories Home“ и репродуцирајте го. [Детали]

Штом сликите ќе се извезат на компјутер, не може да се гледаат на фотоапаратот.
  • Извезете ги во папка што фотоапаратот ја препознава, на пример, „101MSDCF“, а потоа репродуцирајте во приказот на папки. [Детали]

  • Регистрирајте ја сликата во датотеката на база на податоци и репродуцирајте во [Date View]. [Детали]