Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Користење ставки од MENU

Во овој дел може да дознаете како да ги смените поставките поврзани со сите операции на фотоапаратот и како да изведете функции на фотоапаратот вклучувајќи снимање, репродукција и начини на работа.

  1. Притиснете на копчето MENU за да се прикаже приказот на менито.

  2. Изберете ја саканата ставка од MENU со помош на горната/долната/левата/десната страна на контролното тркалце или во вртење на тркалцето, па притиснете во средината на контролното тркалце.
    • Приказот може да се премести директно од чекор 1 на чекор 3, зависно од поставката [Tile Menu].

  3. Изберете ја саканата ставка со притискање на горната/долната/левата/десната страна на контролното тркалце или во вртење на тркалцето, па притиснете во средината на контролното тркалце.
    Изберете икона на горниот дел од екранот и притиснете ја левата/десната страна од контролното тркалце за да се преместите на друга ставка од MENU.

  4. Изберете ја саканата вредност на поставката, па притиснете за потврдување.