Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Инсталирање „PlayMemories Home“

  1. Користејќи го прелистувачот за интернет на компјутерот, појдете до следната URL-адреса, потоа кликнете [Install][Run].
    Ако на компјутерот веќе е инсталиран „PMB“ (Picture Motion Browser) што е доставен со производот и е купен пред 2011 година, тогаш тој ќе се замени со „PlayMemories Home“. Некои функции на „PlayMemories Home“ се разликуваат од оние на „PMB“, но сепак користете го „PlayMemories Home“.
  2. Следете ги упатствата на екранот за да го завршите инсталирањето.
  • За детали за „PlayMemories Home“, погледнете во делот за помош на „PlayMemories Home“.

Совет

Кога ќе го поврзете производот со компјутер, може да се додадат некои функции на „PlayMemories Home“. Ако „PlayMemories Home“ веќе е инсталиран на компјутерот, препорачуваме да го поврзете производот со компјутерот еднаш.

A: кон приклучокот USB на компјутерот

B: кон мулти-приклучокот

Забелешка

  • Пријавете се како администратор.
  • Можеби ќе биде потребно да го рестартирате компјутерот. Кога ќе се појави пораката за потврда на рестартирањето, рестартирајте го компјутерот следејќи ги упатствата што се појавуваат на екранот.
  • Може да се инсталира и DirectX зависно од системското опкружување на компјутерот.