Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Тип диск

Квалитет на слика со висока дефиниција (HD)
Дискот Blu-ray ви овозможува да снимате филмови со квалитет на слика со висока дефиниција (HD) со подолго траење од дисковите DVD.

Квалитет на слика со висока дефиниција (HD) (диск за снимање AVCHD)
Филмови со квалитет на слика со висока дефиниција (HD) може да се снимаат на DVD-медиуми, како што се дисковите DVD-R, и на тој начин се создава диск со квалитет на слика со висока дефиниција (HD).

  • Дискот со квалитет на слика со висока дефиниција (HD) може да се репродуцира на уреди што го репродуцираат форматот AVCHD, како што се плеерот на Sony за дискови Blu-ray и PlayStation®3. Дискот не може да се репродуцира на обични DVD-плеери.

Квалитет на слика со стандардна дефиниција (STD)
Филм со квалитет на слика со стандардна дефиниција (STD) што е конвертиран од филм со квалитет на слика со висока дефиниција (HD) може да се сними на DVD-медиуми, како на пример дискови DVD-R, и на тој начин се создава диск со квалитет на слика со стандардна дефиниција (STD).

Совет

Може да ги користите следните типови дискови од 12 cm со „PlayMemories Home“. За дискови Blu-ray, погледнете во „Создавање дискови Blu-ray“.

DVD-R/DVD+R/DVD+R DL: без повеќекратно снимање

DVD-RW/DVD+RW: со повеќекратно снимање

  • Со „PlayStation 3“ секогаш користете ја најновата верзија на системскиот софтвер на „PlayStation 3“.
  • „PlayStation 3“ може да не е достапен во некои земји/региони.