Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Користење на „Quick Navi“

Може да ги смените поставувањата директно користејќи го екранот Quick Navi кога го користите визирот.

  1. Притискајте го копчето DISP (Поставување на приказ) на контролното тркало додека екранот да се постави на [For viewfinder].
  2. Притиснете го копчето Fn (функција) за да се префрлите на екранот Quick Navi.

  3. Изберете ја саканата функција со притискање на горната/долната/левата/десната страна на контролното тркало.
  4. Свртете го предниот бројчаник за да го изберете посакуваното поставување.
    • Некои вредности на поставувањата можат да бидат прецизно прилагодени со вртење на задното тркало.

Се вршат поставувања на доделениот екран

  • Изберете ја саканата функција во чекор 3, потоа притиснете во средината на контролното тркало. Ќе се појави приказот со доделени поставувања за функцијата. Следете ги упатствата за користење (А) за да се извршат поставувањата.