Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Користење ставки на MENU

Во овој дел може да дознаете како да ги смените поставувањата поврзани со сите операции на фотоапаратот и како да изведете функции на фотоапаратот вклучувајќи снимање, репродукција и начини на работа.

  1. Притиснете на копчето MENU за да се прикаже приказот на менито.

  2. Изберете ја саканата ставка од MENU со помош на горната/долната/левата/десната страна на контролното тркало или со вртење на тркалото, па притиснете во средината на контролното тркало.
    • Приказот може да се премести директно од чекор 1 на чекор 3, зависно од поставувањето [Tile Menu].

  3. Изберете го посакуваното поставување со притискање на горната/долната/левата/десната страна на контролното тркало или со вртење на тркалото, па притиснете во средината на контролното тркало.
    Изберете икона на горниот дел од екранот и притиснете ја левата/десната страна од контролното тркало за да се преместите на друга ставка од MENU.

  4. Изберете ја посакуваната вредност на поставувањето, па притиснете за потврдување.