Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Интелигентно автоматско снимање

Производот го анализира објектот и ви овозможува да снимате со соодветните поставувања.

  1. Поставете го бројчаникот за режим на (Auto Mode).
  2. MENU (Camera Settings) → [Auto Mode] [Intelligent Auto].
    • Кога [Mode Dial Guide] е поставен на [On], можете да ги изберете посакуваните поставувања откако ќе ја смените позицијата на бројчаникот за режим.
  3. Насочете го фотоапаратот кон објектот.
    Кога фотоапаратот ќе ја препознае сцената, на екранот ќе се појави иконата за препознавање сцени.

  4. Прилагодете го фокусот и снимете ја сликата.

Забелешка

  • Производот нема да ја препознае сцената кога правите слики со други функции за зумирање освен оптички зум.
  • Производот може да не ги препознае соодветно сцените под одредени услови за снимање.