Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Peaking Level

Ги засилува контурите на опсезите во фокус користејќи одредена боја при снимање со рачно фокусирање или со директно рачно фокусирање. Функцијава ви овозможува лесно да го потврдите фокусот.

  1. MENU (Custom Settings)[Peaking Level] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

High:
Го поставува нивото за регулација на контурите на високо.
Mid:
Го поставува нивото за регулација на контурите на средно.
Low:
Го поставува нивото за регулација на контурите на ниско.
Off (стандардно поставување):
Не се користи функцијата за регулација на контури.

Забелешка

  • Производот определува дека острите области се во фокус, па [Peaking Level] се разликува зависно од објектот и од ситуацијата што се снима.
  • Кога производот е поврзан со помош на HDMI-кабел не се засилени контурите на опсези во фокус.