Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Dial Ev Comp

Кога бројчаникот за компензација на експозицијата е поставен на „0“, може да ја прилагодувате експозицијата со помош на предниот или задниот бројчаник.

  1. MENU (Custom Settings)[Dial Ev Comp] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

Off (стандардно поставување):
Не овозможува компензација на експозицијата со предниот или задниот бројчаник.

Преден бројчаник/Заден бројчаник:
Овозможува компензација на експозицијата со предниот или задниот бројчаник.

Забелешка

  • Кога функцијата за компензација на експозицијата е назначена на предниот или задниот бројчаник, која било функција која претходно била назначена на тој бројчаник е повторно назначена на друг бројчаник.
  • Кога бројчаникот за компензација на експозицијата е поставен на позиција различна од „0“, предност им се дава на поставувањата на бројчаникот за компензација на експозицијата. На пример, ако го поставите [Exposure Comp.] на +5,0EV, но бројчаникот за компензација на експозицијата е поставен на +2,0EV, предност ќе добие поставувањето „+2,0EV“.
  • Кога е избрано [ISO AUTO] во режимот за снимање [Manual Exposure], тогаш [Dial Ev Comp] не е валидно.