Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Баланс на белата боја

Ги прилагодува нијансите на боите во согласност со условите на амбиенталното осветлување. Користете ја оваа особина кога нијансите на боите на сликата не излегле како што сте очекувале или кога намерно сакате да ги смените поради фотографско изразување.

  1. MENU (Camera Settings) → [White Balance] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

Auto (стандардно поставување):
Производот автоматски го открива изворот на осветлување и ги прилагодува нијансите на боите.
Daylight:
Нијансите на боите се прилагодуваат за дневна светлина.
Shade:
Нијансите на боите се прилагодуваат за засенчување.
Cloudy:
Температурата на бојата се прилагодува за облачно небо.
Incandescent:
Температурата на бојата се прилагодува за места под блескава лампа или под силно осветлување, како во фотографско студио.
Fluor.: Warm White:
Температурата на бојата се прилагодува за топло бело флуоресцентно осветлување.
Fluor.: Cool White:
Температурата на бојата се прилагодува за бело флуоресцентно осветлување.
Fluor.: Day White:
Температурата на бојата се прилагодува за неутрално бело флуоресцентно осветлување.
Fluor.: Daylight:
Температурата на бојата се прилагодува за флуоресцентно осветлување на дневна светлина.
Flash:
Температурата на бојата се прилагодува за осветлување од блиц.
Underwater Auto:
Температурата на бојата се прилагодува за подводно снимање.

C.Temp./Filter:
Ги прилагодува нијансите на боите во зависност од изворот на осветлувањето. Постигнува ефект на филтрите за фотографија CC (Color Compensation).

Custom 1/Custom 2/Custom 3:
Го користи поставувањето за баланс на белата боја сочувано во [Custom Setup].

Custom Setup:
Ја меморира основната бела боја под условите на осветлување за средината за снимање.
Изберете мемориран број на прилагоден баланс на белата боја.

Совет

  • Можете да ја користите десната страна на контролното тркало за да го прикажете екранот со фини прилагодувања и да изведете фино прилагодување на температурата а бојата како што се бара.
  • Во [C.Temp./Filter] можете да ја користите десната страна на контролното тркало, за да го прикажете екранот со поставувања за температурата на бојата и да изведете поставување. Кога повторно ќе ја притиснете десната страна, се појавува екранот за фино прилагодување, за да ви овозможи да изведете фино прилагодување како што се бара.

Забелешка

  • [White Balance] е фиксирано на [Auto] во следниве ситуации:
    • [Intelligent Auto]
    • [Superior Auto]
    • [Scene Selection]