Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Picture Effect

Изберете го саканиот филтер за ефект за да постигнете повпечатливи и поуметнички слики.

  1. MENU (Camera Settings) → [Picture Effect] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

Off (стандардно поставување):
Ја исклучува функцијата [Picture Effect].
Toy Camera:
Создава изглед на фотографија од играчка фотоапарат со засенчени агли и нагласени бои.
Pop Color:
Создава живописен изглед преку нагласување на нијансите на боите.
Posterization:
Создава апстрактен изглед со висок контраст, преку интензивно нагласување на примарните бои или во црно и бело.
Retro Photo:
Создава изглед на остарена фотографија, со сепија нијанси на боја и избледен контраст.
Soft High-key:
Создава слика со индицираната атмосфера: светла, транспарентна, етерична, нежна, мека.
Partial Color:
Создава слика која ја задржува одредена боја, но ги претвора останатите во црна и бела.
High Contrast Mono.:
Создава слика со висок контраст во црна и бела боја.
Soft Focus:
Создава слика исполнета со нежен ефект на осветлување.
HDR Painting:
Создава изглед на насликано платно, подобрувајќи ги боите и деталите.
Rich-tone Mono.:
Создава слика во црно и бело со богата градација и репродукција на детали.
Miniature:
Создава слика која сликовито го подобрува објектот, со значително нефокусирана заднина. Овој ефект може често пати да се најде кај слики на минијатурни модели.
Watercolor:
Создава слика со мастило кое истекува и заматени ефекти, како да е насликана со водени бои.
Illustration:
Создава слика како илустрација, со нагласување на контурите.

Совет

  • Можете да изведете детални поставувања за следниве режими на [Picture Effect] со користење на левата/десната страна на контролното тркало.
    • [Toy Camera]
    • [Posterization]
    • [Partial Color]
    • [Soft Focus]
    • [HDR Painting]
    • [Miniature]
    • [Illustration]

Забелешка

  • Кога е избрано [Partial Color], може сликите да не ја задржат избраната боја, во зависност од објектот или условите за снимање.
  • Следниве ефекти не можете да ги проверите на екранот за снимање, бидејќи производот ја обработува сликата по снимањето. Исто така, не можете да снимате следна слика сè додека обработката на сликата не заврши. Не можете да ги користите овие ефекти со филмови.
    • [Soft Focus]
    • [HDR Painting]
    • [Rich-tone Mono.]
    • [Miniature]
    • [Watercolor]
    • [Illustration]
  • При користење на [HDR Painting] и [Rich-tone Mono.], блендата се ослободува три пати за едно снимање. Бидете внимателни во врска со следново:
    • Користете ја оваа функција кога објектот е неподвижен или не емитира светлина.
    • Немојте да ја менувате композицијата пред снимање.

    Кога контрастот на сцената е низок или кога се јавува значително тресење на фотоапаратот или се јавува заматеност на објектот, може да не бидете во можност да добиете добри слики HDR. Ако производот открил ваков проблем, / се јавува на снимената слика за да ве информира за оваа ситуација. Ако е неопходно, сменете ја композицијата или на друг начин прилагодете ги поставувањата, бидете внимателни со заматувањето и снимете повторно.