Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Creative Style

Ви овозможува да ја изберете посакуваната обработка на сликата. Можете да ја прилагодите експозицијата (брзината на блендата и решетката) како што сакате со помош на [Creative Style], за разлика од [Scene Selection] каде производот ја прилагодува експозицијата.

  1. MENU (Camera Settings) → [Creative Style] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

Standard (стандардно поставување):
За снимање на разни сцени со богата градација и прекрасни бои.
Vivid:
Зголемени се заситеноста и контрастот, за снимање на впечатливи слики од разнобојни сцени и објекти како што се цвеќиња, пролетно зеленило, сино небо или погледи на океанот.
Neutral:
Заситеноста и острината се намалени за снимање на слики со придушени нијанси. Ова исто така е погодно и за снимање на материјал кој ќе биде менуван со компјутер.
Clear:
За снимање на слики со чисти нијанси, со нагласени прозрачни бои, погодно за снимање на сончева светлина.
Deep:
За снимање слики со длабоки и густи бои, погодно за снимање на цврстото присуство на објектот.
Light:
За снимање слики со светли и едноставни бои, погодно за снимање освежувачки светол амбиент.
Portrait:
За снимање на бојата на кожата со нежен тен, идеално погодно за снимање портрети.
Landscape:
Заситеноста, контрастот и острината се зголемени за снимање на живописни и јасни глетки. Исто така, далечните пејзажи уште повеќе се издвојуваат.
Sunset:
За снимање на прекрасното црвенило на сонцето кое заоѓа.
Night Scene:
Контрастот е намален за репродукција на ноќни сцени.
Autumn leaves:
За снимање на есенски сцени, кои живописно ги истакнуваат црвените и жолти бои на лисјата кои се менуваат.
Black & White:
За снимање слики во црн и бел монотон.
Sepia:
За снимање слики во сепија монотон.

За да ги поставите [Contrast], [Saturation] и [Sharpness]

[Contrast], [Saturation] и [Sharpness] можат да бидат прилагодени за секоја ставка од [Creative Style].

Изберете ја ставката која сакате да ја поставите со притискање на десната/левата страна на контролното тркало, а потоа поставете ја посакуваната вредност користејќи ја горната/долната страна на контролното тркало.

Contrast:
Колку е повисока вредноста која е избрана, толку повеќе ќе биде нагласена разликата на осветлувањето и сенката, а поголем ќе биде и ефектот врз сликата.

Saturation:
Колку е повисока вредноста која е избрана, толку бојата ќе биде пожива. Кога е избрана пониска вредност, бојата на сликите е воздржана и придушена.

Sharpness:
Ја прилагодува острината. Колку е повисока вредноста која е избрана, толку повеќе контурите ќе бидат нагласени, а колку пониска вредност е избрана, толку повеќе контурите ќе бидат омекнати.

Регистрирање на претпочитаните прилагодувања (Стилска кутија)

Изберете ги шесте стилски кутии (кутии со броеви на левата страна ()) за да ги регистрирате посакуваните прилагодувања. Потоа изберете ги посакуваните поставувања со користење на десната страна на контролното тркало.
Можете да го повикате истиот стил со малку поразлични поставувања.

Забелешка

  • [Standard] е избрано кога ги користите следниве функции:
    • [Intelligent Auto]
    • [Superior Auto]
    • [Scene Selection]
    • [Picture Effect]
  • Кога [Creative Style] е поставено на [Black & White] или [Sepia], [Saturation] не може да се прилагодува.