Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Red Eye Reduction

Кога користите блиц, тој се активира два или повеќе пати пред снимањето за да го намали феноменот на „црвени очи“.

  1. MENU (Camera Settings) → [Red Eye Reduction] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

On:
Блицот секогаш се активира за да го намали феноменот на „црвени очи“.

Off (стандардно поставување):
Не користи намалување на „црвените очи“.

Забелешка

  • Може намалувањето на „црвените очи“ да не ги даде саканите ефекти. Тоа зависи од индивидуалните разлики и услови, како што се растојанието од објектот или дали објектот гледал во претходното трепкање или не.