Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Автоматско врамување објект (фотографија)

Кога овој производ открива и снима лица, макро објекти или објекти кои се следени со помош на [Lock-on AF], тој автоматски ја средува сликата во соодветна композиција и потоа ја зачувува. Зачувани се и оригиналот и средената слика. Средената слика е снимена со иста големина како големината на оригиналната слика.

  1. MENU (Camera Settings) → [Auto Obj. Framing] → посакувано поставување.
    • Ако средувањето е овозможено кога се користи режимот за приказ во живо, ќе се прикаже .
    • По снимањето, на екранот за автоматски преглед се прикажува рамка која ја прикажува средената површина.

Детали за ставките на менито

Off (стандардно поставување):
Не ги средува сликите.
Auto:
Автоматски ги средува сликите во соодветна композиција.

Забелешка

  • Во зависност од условите за снимање, може средената слика да не биде најдобрата можна композиција.