Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Намалување шум при долга експозиција (фотографија)

Кога сте ја поставиле брзината на блендата на една секунда или подолго (снимање со долга експозиција), намалувањето на шумот е вклучено за цело време додека е отворена блендата. Со вклучена функција, се намалува зрнестиот шум типичен за долгите експозиции.

  1. MENU (Camera Settings) [Long Exposure NR] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

On (стандардно поставување):
Го активира намалувањето на шум за цело време додека е отворена блендата. Кога намалувањето на шумот е во тек, се јавува порака и не можете да снимите друга слика. Изберете го ова за да му дадете приоритет на квалитетот на сликата.
Off:
Не го вклучува намалувањето на шумот. Изберете го ова за да му дадете приоритет на времето на снимање.