Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Chro. Aber. Comp.

Го намалува отстапувањето на боите на аглите на екранот, предизвикано од определени карактеристики на објективот.

  1. MENU (Custom Settings) → [Lens Comp.] [Chro. Aber. Comp.] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

Auto (стандардно поставување):
Автоматски го намалува отстапувањето на боите.

Off:
Не компензира за отстапување на боите.

Забелешка

  • Функцијата [Chro. Aber. Comp.] е достапна само кога е приклучен објектив со Е-приклучок.