Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Репродукција на слики

Ги репродуцира снимените слики.

  1. Притиснете го копчето (репродукција) за да се префрлите во режимот за репродукција.
  2. Изберете ја сликата со помош на контролното тркало.

Совет

  • Производот создава датотека со база на податоци на сликите на мемориската картичка, за да ги снима и репродуцира сликите. Слика којашто не е регистрирана во датотеката со базата на податоци на сликите, може да не се репродуцира правилно. За репродукција на слики снимени со користење на други уреди, регистрирајте ги во датотеката со базата на податоци на сликите користејќи MENU [Setup][Recover Image DB].