Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Image Index

Во режимот за репродукција можете истовремено да прикажете повеќе слики.

  1. Притиснете го копчето (индекс на слика) додека сликата се репродуцира.
    За да го промените бројот на слики кои ќе се прикажат
    MENU(Playback) → [Image Index] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

9 Images (стандардно поставување)/25 Images

За да се вратите на репродукција на само една слика

Изберете ја саканата слика и притиснете на центарот на контролното тркало.

Брзо прикажување на саканата слика

Со помош на контролното тркало изберете ја лентата на левата страна од екранот со индексот на слики, а потоа притиснете на горната/долната страна на контролното тркало. Кога лентата е избрана, можете да го прикажете екранот со календар или екранот за избор на фолдер притискајќи на во центарот. Дополнително, со избирање на икона, можете да го промените режимот на гледање.