Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Репродукција на панорамски слики

Производот автоматски ја придвижува панорамската слика од едниот до другиот крај.

  1. Притиснете го копчето (репродукција) за да се префрлите во режимот за репродукција.
  2. Со користење на контролното тркало изберете ја панорамската слика која треба да се репродуцира.
  3. Притиснете го на центарот за да ја репродуцирате сликата.

    • За да ја запрете репродукцијата, притиснете го повторно на центарот.
    • За да се вратите на приказот на целата слика, притиснете го копчето MENU.

Забелешка

  • Панорамските слики снимени со користење на друг производ може да бидат прикажани со големина различна од актуелната или може да не се придвижуваат правилно.