Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Репродукција на фотографии со резолуција 4K

Испорачува фотографии со резолуција 4K до телевизор со HDMI-поврзување што поддржува 4K.

  1. Исклучете го напојувањето на овој производ како и на телевизорот.
  2. Поврзете ги приклучоците HDMI на овој производ и на телевизорот користејќи HDMI-кабел (се продава одделно).

  3. Вклучете го телевизорот и префрлете го влезот.
  4. Вклучете го овој производ и притиснете го копчето (Playback) за да се префрлите во режим на репродукција.
  5. MENU(Playback) → [4K Still Image PB][OK].

Забелешка

  • Ова мени е достапно само со 4K-компатибилни телевизори. За детали, погледнете во упатствата за работа на телевизорот.