Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Прикажување слики на телевизор што е компатибилен со „BRAVIA“ Sync

Со поврзување на овој производ со телевизор што поддржува „BRAVIA“ Sync користејќи кабел за HDMI (се продава одделно), може да ракувате со производот со далечинскиот управувач на телевизорот.

  1. Исклучете го напојувањето на овој производ како и на телевизорот.
  2. Со помош на HDMI-кабел (се продава одделно), поврзете го приклучокот HDMI на овој производ со приклучокот HDMI на телевизорот.
  3. Вклучете го телевизорот и префрлете го влезот.
  4. Вклучете го овој производ и потоа притиснете го копчето (Playback) за да изберете режим на репродукција.
  5. MENU(Setup) → [CTRL FOR HDMI] → [On].
  6. Притиснете го копчето SYNC MENU на далечинскиот управувач на телевизорот и изберете го саканиот режим.

Забелешка

  • Само телевизори кои поддржуваат „BRAVIA“ Sync можат да обезбедат ракување со SYNC MENU. За детали, погледнете го упатството за работа што се испорачува со телевизорот.
  • Ако производот изведува несакани операции како одговор на далечинскиот управувач на телевизорот додека е поврзан на телевизор од друг произведувач преку HDMI-поврзување, изберете MENU(Setup) → [CTRL FOR HDMI][Off].