Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Upload Settings(Eye-Fi)

Поставува дали да се користи функцијата за поставување кога се користи картичка Eye-Fi (комерцијално достапна). Оваа ставка се јавува кога во влезот за мемориска картичка на производот е вметната картичка Eye-Fi.

  1. MENU (Setup) → [Upload Settings] → посакувано поставување.
  2. Поставете ја вашата мрежа Wi-Fi или дестинација на картичката Eye-Fi.
    За детали, погледнете во упатството за работа што се испорачува со картичката Eye-Fi.
  3. Картичката Eye-Fi што сте ја подготвиле вметнете ја во производот и снимајте фотографии.
    Сликите автоматски се префрлаат преку мрежата Wi-Fi до вашиот компјутер итн.

Детали за ставките на менито

On (стандардно поставување):
Ја овозможува функцијата за поставување.

Off:
Ја оневозможува функцијата за поставување.

Приказ на екранот за статус на комуникацијата

: Подготвена. Нема слики што треба да се испратат.

: Подготвена за поставување.

: Поврзување.

: Поставување.

: Грешка

Забелешка

  • Картичките Eye-Fi се продаваат само во определени земји/региони.
  • За повеќе информации во врска со картичките Eye-Fi, ве молиме директно да го контактирате произведувачот или продавачот.
  • Картичките Eye-Fi можат да се користат само во земјите/регионите каде што се купени. Користете ги картичките Eye-Fi во согласност со законот на земјите/регионите каде што ја купивте картичката.
  • Картичките Eye-Fi се опремени со функција на безжичен LAN. Немојте да ја вметнувате картичката Eye-Fi во производот кога сте во авион. Кога картичката Eye-Fi е вметната во производот, поставете го [Upload Settings] на [Off]. Кога функцијата за вчитување е поставена на [Off] на производот ќе се прикаже индикаторот.
  • За време на поставување, режимот за заштеда на енергијата нема да работи.
  • Ако е прикажано (грешка), отстранете ја мемориската картичка и повторно вметнете ја или исклучете го и повторно вклучете го производот. Ако индикаторот повторно се појави, можно е картичката Eye-Fi да е оштетена.
  • Комуникацијата преку безжичен LAN може да биде под влијание на други уреди за комуникација. Ако статусот на комуникација не е задоволителен, за да бидете поврзани, приближете се поблиску до пристапната точка.
  • Овој производ не поддржува Eye-Fi „Endless Memory Mode“. Пред да ја користите картичката Eye-Fi, осигурете се дека „Endless Memory Mode“ е исклучен.