Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Cleaning Mode

Ви овозможува чистење на сензорот за слика.

  1. MENU (Setup) → [Cleaning Mode] [Enter]
  2. Исклучете го напојувањето на производот следејќи ги упатствата на екранот.
  3. Откачете го објективот.
  4. Користете дувалка за да ја исчистите површината на сензорот за слика и областа околу него.
  5. Закачете го објективот.

Забелешка

  • Со производот не се испорачува дувалка. Користете комерцијално достапна дувалка.
  • Чистењето може да се изведе само кога нивото на батеријата е(3 преостанати икони на батеријата) или повеќе. Се препорачува употреба на адаптер AC-PW20 AC.
  • Немојте да користите дувалка од типот на спреј, бидејќи може да распрска капки на вода во внатрешноста на телото на фотоапаратот.
  • Не го ставајте врвот на дувалката во шуплината зад областа за поставување на објективот за да оневозможите врвот на дувалката да го допре сензорот за слика.
  • Држете го фотоапаратот благо наведнат со лицето надолу за да може прашината да падне надвор.
  • Не подложувајте го производот на било каков шок за време на чистењето.
  • Кога го чистите сензорот за слика со дувалка, немојте да дувате премногу јако. Ако дувате во сензорот премногу јако, може да се оштети внатрешноста на производот.
  • Ако прашината преостане и по чистењето на производот како што е опишано, обратете се во сервисниот центар.