Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Demo Mode

Кога со фотоапаратот не се ракува определено време, функцијата [Demo Mode] автоматски прикажува филмови снимени на мемориската картичка (демонстрација).

Нормално изберете [Off].

  1. MENU(Setup) → [Demo Mode] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

On:
Ако со производот не се ракува во период од една минута, демонстрацијата со репродукција на филмови започнува автоматски. Се репродуцираат само заштитени филмови AVCHD.
Режимот за гледање поставете го на [AVCHD View] и заштитете ја филмската датотека што има најстар датум и време.

Off (стандардно поставување):
Не ја прикажува демонстрацијата.

Забелешка

  • Оваа ставка можете да ја поставите само кога производот се напојува од адаптер за напојување со наизменична струја AC-PW20 (се продава одделно).
  • Дури и кога е избрано [On], производот не ја започнува демонстрацијата ако нема фајл со филм на мемориската картичка.
  • Кога е избрано [On], производот не се префрла во режим за заштеда на енергијата.