Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

CTRL FOR HDMI

Кога ќе го поврзете производот со телевизор компатибилен со „BRAVIA“ Sync користејќи HDMI-кабел (се продава одделно), може да ракувате со производот насочувајќи го далечинскиот управувач кон телевизорот.

  1. MENU(Setup) → [CTRL FOR HDMI] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

On (стандардно поставување):
Може да ракувате со производот користејќи го далечинскиот управувач на телевизорот.

Off:
Не може да ракувате со производот користејќи го далечинскиот управувач на телевизорот.

Забелешка

  • [CTRL FOR HDMI] е достапно само кај телевизори што се компатибилни со „BRAVIA“ Sync.