Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

One-touch(NFC)

Можете да ја повикате саканата апликација од менито за апликации на овој производ, со допирање на паметниот телефон со Android што има способност за NFC со овој производ. Ако апликацијата којашто ја повикавте поседува функција којашто работи со паметен телефон, производот и паметниот телефон ќе се поврзат преку Wi-Fi. За да ја користите оваа функција, однапред регистрирајте ја посакуваната апликација.

  1. MENU → (Wireless)[One-touch(NFC)] → посакувана апликација.
  2. Префрлете го овој производ во режим за снимање, а потоа допрете го паметниот телефон што има способност за NFC на (ознаката N) на производот за 1-2 секунди.
    „PlayMemories Mobile“ се активира на паметниот телефон, а апликацијата која ја регистриравте се активира на овој производ.

Забелешка

  • Кога производот е во режим на репродукција, регистрираната апликација нема да се активира дури и ако го допрете паметниот телефон со производот.
  • Кога ќе повикате апликација со еден допир, дури и ако таа апликација не работи со паметен телефон, ќе се активира „PlayMemories Mobile“ на паметниот телефон. Излезете од „PlayMemories Mobile“ без извршување на операција. Ако не излезете од „PlayMemories Mobile“, паметниот телефон останува во статус на поврзување режим на подготвеност.