Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Испраќање слики на паметен телефон со Android (споделување со еден допир преку NFC)

Може да го поврзете производот со паметен телефон што има способност за NFC само со еден допир и да ја испратите сликата што е прикажана на екранот на производот директно во паметниот телефон.

  1. Активирајте ја функцијата NFC на паметниот телефон.
  2. Прикажете една слика на производот.
  3. Допрете го паметниот телефон со производот.

    Производот и паметниот телефон се поврзани. „PlayMemories Mobile“ автоматски се активира на паметниот телефон, а потоа прикажаната слика се испраќа до паметниот телефон.

    • Пред да го допрете паметниот телефон, откажете ги функциите за спиење и заклучување на телефонот.
    • Функцијата NFC е достапна само кога се прикажува (ознаката N) на производот.
    • Допрете го паметниот телефон до производот една до две секунди сè додека не се активира „PlayMemories Mobile“.
    • За да пренесете две или повеќе слики, изберете MENU → (Wireless)[Send to Smartphone] за да изберете слики. Откако ќе се појави екранот за остварено поврзување, користете NFC за да го поврзете производот со паметниот телефон.

Информации за „NFC“

NFC е технологија што овозможува безжична комуникација на краток опсег помеѓу различни уреди, како мобилни телефони и IC-ознаки итн. NFC ја олеснува комуникацијата на податоци само со допирање на означената точка за допир.

Забелешка

  • Може да ја изберете големината на сликата што ќе се испрати на паметниот телефон од [Original], [2M] или [VGA].
    За да ја замените големината на сликата, погледнете ги следните чекори.
    • За паметен телефон со Android
      Активирајте го „PlayMemories Mobile“ и сменете ја големината на сликата преку [Settings][Copy Image Size].
    • За iPhone/iPad
      Изберете „PlayMemories Mobile“ во менито за поставување и сменете ја големината на сликата преку [Copy Image Size].
  • Кога ќе се испратат слики RAW, тие се конвертираат во форматот JPEG.
  • Ако индексот на сликата се прикажува на производот, не може да пренесувате слики користејќи ја функцијата NFC.
  • Ако не можете да остварите поврзување, изведете го следново:
    • Активирајте ја „PlayMemories Mobile“ на паметниот телефон, а потоа поместете го телефонот бавно кон (ознаката N) на производот.
    • Ако паметниот телефон е во футрола, отстранете ја.
    • Ако производот е во футрола, отстранете ја.
    • Потврдете дека функцијата NFC е активирана на паметниот телефон.
  • Кога [Airplane Mode] е поставено на [On], не може да го поврзете производот со паметниот телефон. Поставете го [Airplane Mode] на [Off].
  • Не може да испраќате филмови од форматот AVCHD.