Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

View on TV

Може да ги гледате сликите на телевизор поврзан на мрежа, пренесувајќи ги од производот без да ги поврзете производот и телевизорот со кабел. За некои телевизори, може да биде потребно да се изведат одредени постапки на телевизорот. За детали, погледнете го упатството за работа што се испорачува со телевизорот.

  1. MENU(Wireless)[View on TV] → посакуваниот уред што треба да се поврзе.
  2. Кога сакате да репродуцирате слики користејќи слајд-шоу, притиснете во центарот на контролното тркало.

    • За да ја прикажете следната или претходната слика рачно, притиснете ја десната или левата страна на контролното тркало.
    • За да го смените уредот што треба да се поврзе, притиснете ја долната страна на контролното тркало, а потоа изберете [Device list].

Поставувања на слајд-шоу

Може да ги смените поставувањата на слајд-шоуто со притискање на долната страна на контролното тркало.

Playback Selection:
Ја избира групата слики што ќе се прикажуваат.

Folder View(Still):
Избира помеѓу [All] и [All in Folder].

Date View:
Избира помеѓу [All] и [All in Date Rng.].

Interval:
Избира помеѓу [Short] и [Long].

Effects*:
Изберете помеѓу [On] и [Off].

Playback Image Size:
Изберете помеѓу [HD] и [4K].

*Поставувањата делуваат само на телевизор BRAVIA што е компатибилен со тие поставувања.

Забелешка

  • Може да ја користите оваа функција со телевизор што поддржува DLNA-изведувач.
  • Може да гледате слики на телевизор опремен со Wi-Fi Direct или поврзан на мрежа (вклучувајќи ја кабелската телевизија).
  • Ако го поврзете телевизорот со производот, а не користите Wi-Fi Direct, прво треба да ја регистрирате пристапната точка.
  • Може да биде потребно некое време за да се прикажат сликите на телевизорот.
  • Филмовите не може да се прикажуваат на телевизор преку Wi-Fi. Користете HDMI-кабел (се продава одделно).