Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Избор на начинот за создавање диск

Може да создадете диск од филм во формат AVCHD што е снимен со овој производ. Зависно од типот диск, уредите за репродукција може да се разликуваат. Изберете го начинот што е соодветен за вашиот плеер на дискови.
За детали за создавање дискови користејќи го „PlayMemories Home“, погледнете во делот за помош на „PlayMemories Home“ (само за Windows).

Создава диск со квалитет на слика со висока дефиниција (HD)
Различен формат на филм: PS, FX, FH
Плеер: уреди за репродукција на дискови Blu-ray (плеер на Sony за дискови Blu-ray, PlayStation®3 итн.)

Создава диск со квалитет на слика со висока дефиниција (HD) (диск за снимање AVCHD)
Различен формат на филм: PS*, FX*, FH
Плеер: уреди за репродукција на форматот AVCHD (плеер на Sony за дискови Blu-ray, PlayStation®3 итн.)

Создава диск со квалитет на слика со стандардна дефиниција (STD)
Различен формат на филм: PS*, FX*, FH*
Плеер: уреди за репродукција на обично DVD (DVD-плеер, компјутер што репродуцира дискови DVD итн.)

*Може да создавате дискови со филмови снимени во овие формати користејќи го „PlayMemories Home“, така што ќе го намалите квалитетот на сликата со конвертирање.