Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Создавање диск со уред што не е компјутер

Исто така, може да создадете дискови користејќи снимач за Blu-ray итн. Зависно од уредот што го користите, типовите дискови што може да се создадат се разликуваат.

Снимач за Blu-ray:

Квалитет на слика со висока дефиниција (HD)

Квалитет на слика со стандардна дефиниција (STD)

HDD-снимач итн.:

Квалитет на слика со стандардна дефиниција (STD)

Забелешка

  • При создавање диск AVCHD со користење на „PlayMemories Home“ од филмови снимени во [60p 28M(PS)]/[50p 28M(PS)], [60i 24M(FX)]/[50i 24M(FX)] или [24p 24M(FX)]/[25p 24M(FX)], квалитетот на сликата се конвертира и не е возможно да се создадат дискови што ќе го имаат оригиналниот квалитет на сликата. Потребно е време за да се конвертира квалитетот на сликите. За да снимате филмови со оригиналниот квалитет на сликата, користете дискови Blu-ray.
  • За создавање диск Blu-ray Disc од филмови снимени во [60p 28M(PS)]/[50p 28M(PS)], треба да користите уред што ја поддржува верзијата на форматот AVCHD. 2.0. Создадениот диск Blu-ray може да се репродуцира само на уред што ја поддржува верзијата на форматот AVCHD. 2.0.
  • За деталите за создавање диск, погледнете во упатствата за работа на уредот што го користите.