Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Забелешки за комплетот батерии

Полнење на комплетот батерии

  • Наполнете го комплетот батерии (доставено) пред да го користите производот за првпат.
  • Наполнетиот комплет со батерии ќе се празни малку по малку, дури и ако не го користите. Наполнете го комплетот батерии пред секое користење на производот за да не пропуштите ни една можност за фотографирање.
  • Комплетот батерии можете да го полните дури и кога не е целосно испразнет. Може да користите делумно наполнет комплет батерии.
  • Ако лампата за полнење трепка и полнењето се откаже на половина пат, отстранете го комплетот батерии и повторно вметнете го.
  • Препорачуваме комплетот батерии да се полнат на амбиентална температура од 10°C до 30°C (од 50°F до 86°F). Комплетот батерии може да не се наполни ефективно на температури што се надвор од овој опсег.
  • Кога ќе го поврзете производот и лаптоп компјутер кој не е поврзан на извор на напојување, нивото на батеријата во лаптопот може да се намали. Не полнете го производот користејќи го лаптоп компјутерот премногу долго.
  • Не вклучувајте/рестартирајте го компјутерот, не будете го од режимот на спиење или не исклучувајте го кога производот е поврзан со него преку USB-кабел. Тоа може да предизвика дефект не производот. Исклучете ги производот и компјутерот пред да ги изведете постапките наведени погоре.
  • Не гарантираме полнење ако користите компјутер кој е индивидуално составен или со компјутер кој е модифициран.

Време за полнење (целосно полнење)

Времето за полнење е приближно 310 минути со користење на адаптерот а напојување со наизменична струја (испорачан). Времето за полнење погоре се однесува на полнење на целосно испразнет комплет батерии на температура од 25°C (77°F). Полнењето може да трае подолго во зависност од условите на користење и околностите.

Ефективна употреба на комплетот батерии

  • Перформансите на комплетот батерии се намалуваат во околини со ниски температури. Така, на студени места, времето на работа на комплетот батерии е пократко. За да обезбедите подолго користење на комплетот батерии, препорачуваме да го ставите во џебот, блиску до телото, за да го загреете и вметнете го во производот непосредно пред да почнете со снимање. Ако во џебот имате метални објекти, како на пример клучеви, бидете внимателни да не предизвикате краток спој.
  • Комплетот батерии брзо ќе се потроши ако често го користите блицот и зумирањето.
  • Препорачуваме да подготвите резервни комплети батерии и да направите пробни снимки пред вистинското снимање.
  • Не изложувајте го комплетот батерии на вода. Тие не се водоотпорни.
  • Не оставајте го комплетот батерии на екстремно топли места, како што е автомобилот или под директна сончева светлина.
  • Ако приклучокот за батеријата е валкан, можно е да не можете да го вклучите производот или комплетот батерии може да не се наполни соодветно. Во овој случај, исчистете ја батеријата лесно бришејќи го правот со мека крпа или памучно крпче.

Индикатор за преостаната батерија

  • Индикатор за преостаната батерија е прикажан на екранот.

     

    A: полна батерија

    B: празна батерија

  • Потребна е околу една минута додека да се појави точниот индикатор за преостаната батерија.
  • Точниот индикатор за преостаната батерија може да не се прикаже во одредени оперативни или средински услови.
  • Ако не го користите производот одреден временски период, додека напојувањето е вклучено, тој автоматски ќе се исклучи (функција за автоматско исклучување).
  • Ако не се појави времето на преостаната батерија на екранот, притиснете го копчето DISP (Поставка за приказ) за да се прикаже.

Како да се складира комплетот батерии

  • За да се одржи функцијата на комплетот батерии, наполнете го целосно и потоа целосно испразнете го во производот најмалку еднаш пред складирање. Складирајте го комплетот батерии на ладно и суво место.
  • За да се испразни комплетот батерии, оставете го производот во режим на репродукција на слајд шоу додека не се исклучи напојувањето.
  • За да се спречи обојување на приклучокот, краток спој итн., употребете пластична кеса за да ги чувате металните материјали настрана при носење или складирање на комплетот батерии.

За траењето на батеријата

  • Траењето на батеријата е ограничено. Ако постојано ја користите батеријата или користите иста батерија подолг временски период, нејзиниот капацитет ќе се намалува постепено. Ако достапното време на батеријата значајно се намали, веројатно е време да се замени комплетот батерии со нов.
  • Траењето на батеријата се разликува зависно од складирањето на комплетот батерии и од условите и средината на работа каде што се користи.