Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Аглите на сликата се премногу темни.

  • Ако се користи каков било филтер или сенило, отстранете го и обидете се повторно да снимате. Во зависност од дебелината на филтерот и неправилното закачување на сенилото, филтерот или сенилото може делумно да се појават во сликата. Оптичките својства на некои објективи може да предизвикаат периферијата на сликата да изгледа премногу темна (недоволно осветлување). Овој феномен можете да го компензирате со [Shading Comp.].
  • Кога користите објектив со E-приклучок за снимање со големина APS-C, поставете го [APS-C Size Capture] на [Auto] или [On], па потоа снимајте слики.