Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Не можете да печатите слики со датумот.

  • Ако сакате да печатите слики со датумот, користете [Print Setting] под [Specify Printing].
  • Може да печатите слики со ставен датум ако печатачот или софтверот може да ги препознаат информациите Exif. За компатибилност со информациите Exif, обратете се до произведувачот на печатачот или на софтверот.
  • Користејќи „PlayMemories Home“, може да печатите слики со датумот без да го снимате истиот.
  • Кога печатите слики во фотостудио, сликите може да се печатат со датумот ако замолите тоа да се направи.