Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Remote Ctrl

Можете да работите со овој производ и да снимате слики користејќи го копчето SHUTTER, копчето 2SEC (бленда со одложување од 2 секунди) и копчето START/STOP (или копчето Movie (само за RMT-DSLR2)) на RMT-DSLR1 безжичниот далечински управувач (се продава одделно) и RMT-DSLR2 (се продава одделно). Исто така, погледнете го упатството за работа на безжичниот далечински управувач.

  1. MENU(Setup) → [Remote Ctrl] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

On:
Дозволува управување со безжичниот далечински управувач.

Off (стандардно поставување):
Не дозволува управување со безжичниот далечински управувач.

Забелешка

  • Безжичниот далечински управувач RMT-DSLR1 не може да се користи за снимање филмови.
  • Објективот или сенилото за објективот може да го блокира далечинскиот сензор кој ги прима сигналите. Користете го безжичниот далечински управувач во позиција од која сигналот може да допре до производот.
  • Кога [MOVIE Button] е поставено на [Off], копчето START/STOP (копче Movie) на безжичниот далечински управувач RMT-DSLR2 не е активирано.